Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Премиерата за новиот албум на Здравко Чолиќ "Ватра и барут" ќе биде одржана денеска во 22 часот на ЈуТуб каналот.
Станува збор на видео записот на песната "Што ти дадох" која за рекордно време стана радиски хит.
Снимањето траело вкупно 15 часа на овие ниски зимски температури.
Љубовната песна е снимена во Кристалниот дворец на хотелот "Старо здање" во Аранѓеловац.
Здравко Чолиќ и овој пат реализацијата на песната ја остави во рацете на Александар Керекешу и продукциската куќа "Visual Infinity" која исто така ја реализираше баладата "Памук" од претходниот албум.
Текстот е напишан од страна на Антонија Шола, композиторот за нумерата е Марсел Бензон, а аранжманот е на Никша Братош.