Принц ќе биде прогласен за Billboard икона
21.01.2013 09:44
| KumanovoNews
Престижното списание Billboard објави дека денес на музичарот, текстописец, композитор, и голем музички и сценски артист, Prince, ќе му биде доделена специјалната награда Billboard икона.

Главната церемонија на официјалното врачување на наградата ќе биде на 19-ти мај. Деталите не се соопштуваат, но засега се знае дека церемонијата ќе се пренесува во живо од Гранд Гарден Арената во Лас Вегас.