Принцот Вилијам доби син
23.07.2013 14:16
| KumanovoNews
Војвотката Кетрин и принцот Вилијам станаа родители.

31-годишната Кетрин Мидлтон родила здраво момче, тешко 3,8 килограми.
Бебето се родило во 16.24 часот по локално време, а Вилијам бил присутен на раѓањето на нивниот син. Се верува дека гордите родители не го знаеле полот на бебето до самото раѓање. Кетрин се породила во болницата „St. Mary“ во Лондон, каде принцезата Дијана го донесе на свет Вилијам во 1982 година.
Кетрин и Вилијам стапија во брак на 29 април 2011година. Во декември минатата година објавија дека го очекуваат своето прво дете.