Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во ерата на вештачки козметички препарати, природните производи се многу значајни за одржување на вашето лице. Секоја жена може да направи еликсир составен исклучиво од лековити билки.
За тоа ви се потребни следниве состојки:
- жалфија 15%;
- нане 5%;
- камилица 20%;
- мајчина душица 10%;
- грчко семе 25%;
- рузмарин 15%;
- пченични зрна 10%
Начин на подготовка:
Сите состојки измешани заедно се мелат ситно, т.е смесата треба да биде како во прав, се чува во сад на суво место.
Начин на подготовка на лицето:
Пред нанесување на маската, треба да се направи подготовка на лицето. Во еден сад (без да биде затворен) ставете вода да врие, а потоа во неа ставете 2 супени лажици камилица. Потоа садот тргнете го на страна, доближете го лицето до садот со зовриената вода и преку главата префрлете пешкир, за да може пареата да ви се задржи подолго на лицето.
По 15 минути, отворените пори на лицето, поминете ги со тампони од стерилизирана вата. Потоа, една лажица од направената маска ставете во помал сад во кој ќе додадете пет мали лажици од зовриената вода со камилица. Истата смеса, измешајте ја додека да добиете иста густина, а потоа оставете ја на страна за да се излади. Внимавајте, маската не се нанесува на очните капаци и на усните. За подобро дејствување на маската препорачливо е да се лежи 20 минути, а потоа да се измие лицето со млака вода. Маската, се препорачува, да се нанесува еднаш на 15 дена.
Дејство на маската
Темелно ја чисти кожата од претераната мрснотија, ја затегнува кожата на лицето, ги отклонува отворените пори, акните, разните воспаленија и црвенила на кожата и го враќа природниот и здравиот изглед на лицето.
Покрај извонредните резултати, нема покажано непосакувани ефекти. Всушност, оваа маска можат да ја користат и луѓе кои се преосетливи на козметичките препарати. Во тој случај, оваа маска може да се употребува и по еднаш неделно, но тогаш лицето не се мие со зовриена вода, туку со млака вода и дечиј сапун.
Исто така нема возрасно ограничување за користење на маската. Може да ја користат и тинејџерите, повозрасните, старите луѓе, па и бремени жени.