×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Природна маска за свеж и млад изглед на лицето

    22.10.2019 10:04 | KumanovoNews

     Во плодот на јаболката има шеќери и минерални соли, а богат е и со витамините А, Б и Ц.

    Природна маска за свеж и млад изглед на лицето

    Познато е дека овие состојки благотворно делуваат на крвните садови, ја подобруваат циркулацијата и баш поради тоа се добри за негата на кожата.

    За подготовка на оваа маска може да се употреби: свежа, печена или варена јаболка.

    Подготовка:

    1. Свежата јаболка иситнете ја на рендето и ставете ја на лицето. Секако, претходно убаво исчистете ја шминката и нечистотијата од него. Лежете 20 минути со затворени очи, а потоа со млака вода отстранета ја од лицето. После оваа маска лицето ќе ви биде многу посвежо. Ваков тип на маска се употребува за нормален тип на кожа, која не е ниту сува ниту мрсна.

    2. Исцедете ја јаболката и со сокот од неа тапкајте на лицето, секојдневно и наутро и навечер. Ова се препорачува како превентива за лицето да не ја изгуби неговата свежина и млад изглед.

    3. Земете една јаболка и ставете ја во свежо мелко, а потоа варете ја смесата се` додека не стане густа. Така, додека е се` уште млака нанесете ја на лицето. По 15 до 20 минути тргнете ја маската од лицето (која во меѓувреме ќе се исуши) и измијте го лицето со млака вода. Ваква маска може да ја обнови свежината на вашето лице.

    4. Доколку пак се одлучите за печена јаболка, во маската потребно е да додадете малку бадемово масло за сува кожа, а за мрска кожа една изматена белка од јајцето.