Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Режисерот Пол Џон Вајс изјавил дека постои голема можност да биде снимено уште едно продолжение на легендарната комедија "American Pie".
Пол, кој што го режирал оригиналниот филм и бил задолжен за продукцијата на првото и последното продолжение, изјавил дека е подготвен за снимање на уште еден дел, доколку сценариото биде добро.
Драго ми е што публиката добро го прифати последното продолжение и мислам дека и следниот филм би имал огромен успех. Постои некој фактор на љубопитност помеѓу луѓето и затоа овој серијал се уште живее. Што ќе се случува во следното продолжение, не знам. Можеби сите ќе бидат во старечки дом-се пошегувал Вајс.
Филмовите за групата на пријатели од средното училиште веќе имаат огромен број на фанови ширум светот, а последниот во низата филмови беше снимен минатата година, насловен како "American Reunion", а во истиот своја улога остварија Алисон Хенинган, Шон Вилијам Скот, Џејсон Бигс и сите останати кои како "старци" беа дел од годишнината до матура.