×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проблеми со инсомнија и депресија по 40-тите години од животот

    01.10.2019 10:25 | KumanovoNews

    Четириесетте години и понатаму го претставуваат "нивото на заштитување на здравјето". Доколку сакаме да живееме подолго и подобро тогаш треба да внимаваме, затоа што во овој период започнуваат да се појавуваат значицте на стареењето. Едни од најчестите знаци се токму инсомнијата и депресијата.

    Проблеми со инсомнија и депресија по 40-тите години од животот

    ИНСОМНИЈА

    1. Опуштете го умот

    Умствена опуштеност се постигнува со дишење за намалување на стресот, "мантра" или медитациски третман. Целта во текот на денот нека ви биде намалување на стресот, чувството на не немир, страв, грижа. Водете се според зборовите: се' се случува со причина! Можете дури и да си замислите огромен резервоар од кој тече мир директно кон вас.

    2. Опуштена и пријатна атмосфера

    За да се опуштите испијте чај од камилица или пак топло млеко, намалете го светлото, т.е затемнете ја проторијата, легнете на топол, мек и чист кревет и можете да си пуштите релаксирачка музика. Исто така претходно можете да уживате во релаксирачка бања со ароматични масла (пример: лаванда) или пак лавандата ставете ја до вашата перница за пријатна миризба и циркадијанскиот ритам. Обидете се да избегнувате чај, кафе и тутун.

    3. Мускулна опуштеност

    Мускулната опуштеност може да се постигне со вежби како што се: јога и истегнување, масирање на телото (особено стапалата и табаните) и со прогресивна мускулна опуштеност.

    4. Хидротерапија

    Пиење билни пијалоци, капење, одење во сауна, пливање или слушање на водата како тече, можат да бидат многу добра терапија.

    ДЕПРЕСИЈА

    Депресијата најјчесто се манифестира како немир, губење на интерес, тага, безнадежност, губење апетит, исцрпеност, чувство на измореност.

    Придржување кон правилна исхрана, излегување на сончева енергија, пешачење и одење во природа, придржување кон постојан распоред за спиење, масажи, јога, избегнување на дрога, алкохол и кофеин, можат да помогнат за подобрување на физичкото здравје. Преземете одговорност кон себеси-сакајте се себеси, помагајте на лицата на кои им е потреба помош зашто помагајќи на другите си помагате и на себе, приклучете се кон некоја општествено ангажирана група и имајте насмевка на лицето, само така ќе се справите со оваа "подмолна болест" која ќе почне и физички да ви се одразува на здравјето.

    Извор ("Здрави и среќни по 40-тата година")