Мени

Продадени над 300 билети за вечерашниот концерт

29.08.2013 11:17 | KumanovoNews

За хуманитарниот концерт кој вечерва ќе се оддржи во Касапски круг, а на кој ќе пее српската пејачка Анабела, се продадени над 300 билети.

Продадени над 300 билети за вечерашниот концерт

Обично на денот кога се оддржува концертот најмногу се купуваат билети. Лани имавме хуманитарен концерт, оваа година го правиме и вториот концерт кој стана традиција. Очекуваме вечерва на концертот да се соберат 1000 посетители. Собраните средства се за помош на “Порака наша“, и воопшто функцијата на “Ротари“ клуб е да помага за заедницата во која живееме - рече Љупчо Димитриевски, претседател на “Ротари“ клуб.

Димитриевски најавува дека кон крајот на септември ќе организираат спортски настан со хуманитарен карактер.