Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре вечер во 20 часот ќе се одржи промоција на албумот „Од екот на предокот“, на групата „Авелина“.
На концертот „Авелина“ во живо ќе ги изведе нумерите од нивниот деби албум, како и досега необјавени нумери како најава на следниот албум.
Авелина е уникатен неофолк бенд од Македонија започнат како соло проект на кумановката Сара Александровска (вокал и тамбура).
Членови на бендот се и:Воислав Пехчевски (џембе), Дамјан Поповски (тамбура), Бојан Лазаревски (клавијатури), Деа Плевнеш (перкусии).
„Авелина“ одржа концерт минатиот викенд во салата на кино Фросина во МКЦ - Скопје.
Влезот за овој настан ќе биде донација.