Мени

Промоција на новиот албум на Фолтин во клубот WIRE

27.02.2013 15:16 | KumanovoNews

Битолскиот бенд „Фолтин“ на 2. Март во клубот WIRE ќе го промовираат својот најнов албум "Антитело"

Промоција на новиот албум на Фолтин во клубот WIRE

Новиот материјал на „Фолтин“, кој се појавува по пауза од речиси пет години, има шест песни од кои четири стандардни и две пократки форми со поинаков израз и вкупно времетраење од 17 минути. Снимени се во студиото „Тра ла ла“. Атанас Георгиев е автор на обвивката на која се отпечатени текстовите на песните.

Насловот „Антитело“ е идеја за слободата и да се живее, изразува и размислува слободно. Целта била тоа да се пренесе низ текстовите на разбирлив, а не на измислен јазик.

Концертната промоција започнува во сабота во 22 часот.