×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на оригинална рокенрол приказна и нов албум на Ептен

    23.06.2013 10:17 | KumanovoNews

    Дека Ептен дефинитивно знаат што сакаат ни покажаа најдобро вчера на промоцијата на новата песна "Доста е".

    Промоција на оригинална рокенрол приказна и нов албум на Ептен

    Вчера, т.н. Касапски круг во Куманово, беше епицентар на емоции и енергија која со себе ја понесоа членовите на групата Ептен.

    Својата прва рокенрол приказна ја започнаа со песната "Доста е", а потоа следеше нумерата "Крај".

    Романтичната "Мила" ја продолжи приказната во која на љубовта и се прости правото да нанесува болка, за да во следната ритмиќки и текстуално македонско-хрватска верзија "Биди ми ден во мојот сон" дадат најава за животната минливост во која се е подобро ако сонуваме.

    Баладата "Покрени ме" не пренесе во иднината во која мора да се оди напред иако можеби не чека болка, во која ќе се сруши светот и ќе не снема нас, но останува љубовта како единствен ангел чувар.

    Првите тактови на фантастичната обработка на големиот хит на Леб и Сол "Нисам твој" предизвика делириум во публиката и на сцената продолжија со следната песна "27", за да на крај се заврши онака како што би посакал секој бенд на промоцијата на својот прв албум.

    Публиката и бендот се стопија во едно и првин Ептен сами, а потоа бисот заедно со публиката ја изведоа последната песна од албумот "Ти ми зеде се".

    Оваа добра приказна ја снимавме во Загреб во 2010 година, ремиксирана во Љубљана во 2011 година, промовирана во Куманово. Заедно со продуцентот Рејхан Окановиќ од Загреб, Грегор Земљиќ од Словенија, со помош на пријателите Дарко Даутовиќ од Загреб, Кирчо Арсовски- ТВ Трачери, Бени Шаќири и многу други затвори одличен првенец-изјави Александар Краљевски, член на групата Ептен.

    Овој проект на рокерите од Куманово едноставно може да го наречеме 8/1.

    Препорачуваме покрај себе да ја имате нивната музика во која секој ќе се види и препознае.

    Со "Доста е", Ептен ги померија стандардите во создавањето на рок музиката на нашите простори и ја фрла својата енергично романтична ракавица кон публиката.