Мени

Промоција на спот за „Аир да не сториш мамо“

21.04.2015 10:41 | KumanovoNews

Во Театар Куманово утревечер со почеток во 20.30 часот, нашиот сограѓанин Александар  Богдановски ќе промовира спот за изворната песна “Аир да не сториш мамо“.

Промоција на спот за „Аир да не сториш мамо“

Песната е изворно кумановска. Задржувајќи се на нејзината основна мелодија, Александар и дава  модерен и урбан израз со што музичкото културно наследство на Куманово им го приближува на  денешните генерации. Овој видео-запис е реализиран со поддршка од Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.