Мени

Промоција на спотот „Невеста убава„

14.10.2015 20:50 | KumanovoNews

 „Челик бенд" утре во 20 часот во ресторанот Бела Дона, ќе го промовира спотот на својата прва песна „Невеста убава".

Промоција на спотот „Невеста убава„

Музика ја напиша Гоце Нанов, текстот е дело на Орце Зафировски, а аранжманот на Драган Ристовски. Видеозаписот е во продукција на „ТВ Плус" од Куманово, а снимен е во ресторанот „Бела Дона".

 Составот на Челик Бенд го сочинуваат: Бојан Стојановски – вокал, Ангел Глигоров – виолина, Гоце Нанов - кларинет и саксофон, Никола Стојмановски - соло клавијатура, Александар Митрички - бас клавијатура и Ивица Андоновски – тапани.