Мени

Промовиран нов албум на Kаролина Гочева

28.11.2012 10:38 | KumanovoNews

"Најубави песни" е насловот на новиот албум на македонската поп-дива Kаролина Гочева.

Промовиран нов албум на Kаролина Гочева

Изданието содржи 12 нејзини најубави песни со бонус четири песни.

Станува збор за прво компилациско це-де на Kаролина.На албумот се наоѓаат песните за кои таа и "Авалон" сметале дека се најубави.

Направивме избор од 16 песни. Останаа и многу други песни кои можеби требаше да се најдат на албумот, но оставаме простор и за втор дел најубави песни за неколку години - рече Гочева.

На прес-конференцијата беше презентиран новиот спот за песната "Тој".Kаролина најави и концерт што ќе го одржи на 22 декември во Универзалната сала во Скопје.

Моментално сум преокупирана со подготовките за концертот. Искрено, со големо нетрпение го очекувам овој мој концерт - рече Гочева.Таа открива дека за потребите на концертот некои песни ќе имаат нови аранжмани.