Промовиран нов албум на Тони Зен
11.10.2013 07:07
| KumanovoNews
Тони Зен го промовираше својот нов петти по ред албум насловен со 'Микро скопски Организам'.

Освен новиот албум, пејачот во кафулето 'Концепт 37' премиерно ја претстави и својата нова песна 'Сетила' за која има снимено и видео запис која е дело на продукцијата 'БМА брадерс'.
Новиот албум е составен од вкупно 15 композиции на кои текстописец е самиот пејач. Музиката е изработена од повеќе автори, а како гости во албумот се јавуваат музичарите Сиги, Бобо (Софија), Даниел Кајмакоски, Тамара Тодевска, Пере, Франц, Горан Папас, Бертан Арслани и други.