Мени

Промовирана новата книга на Ѓоковиќ

16.12.2013 08:33 | KumanovoNews

Книгата "Сервирај за победа" на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше промовирана вчера во тенискиот клуб АБЦ.

Промовирана новата книга на Ѓоковиќ

Во книгата Новак го претставува својот четиринаесет дневен план за здрава исхрана со цел постигнување ментална сила и физички успех.

Ни го открива начинот на исхраната кој во целост го преобразил и го кренал на самиот врв.

Направил план како да го трансформираме телото и животот преку исхраната со помош на советите и рецепти за подобрување на здравјето и ослободување на вишокот килограми.