×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прва награда за самурајски филм на режисерска од Македонија

    15.01.2013 09:46 | KumanovoNews

    Самурајскиот филм „Пурпур и злато“ по сценарио  на македонската режисерка Андријана Цветковиќ освои прва награда во категоријата краткометражен игран филм на фестивалот „IAFOR – FilmAsia Open Film Competition 2012“.

    Прва награда за самурајски филм на режисерска од Македонија

    Сценариото на филмот победи на интернационален конкурс за краткометражен филм што го организираа филмските студија во Јапонија, и беше снимено во познатото филмско студио Шочику во Кјото во 2010 година како самурајски филм (јидаигеки-посебен филмски жанр во Јапонија).

    Овој жанр се смета за еден од најтешките за снимање, па од тие причини ретко се избира сценарио напишано од автор кој не е од Јапонија. Снимен е на јапонски јазик, со интернационален продукциски тим и видни јапонски актери. Постпродукцијата на филмот  заврши во 2011 и премиерно беше прикажан на Интернационалниот филмски фестивал Хисторика во Кјото. Приказната е инспирирана од Македонија, со мотиви блиски до светот на македонските легенди и митови, изјави режисерката Цветковиќ.

    Таа е и доктор на науки од областа на филмската уметност. Седум години живее во Јапонија, а од оваа година ќе биде визитинг-професор и научен соработник на престижниот Кјото универзитет, во Центарот за азиски студии.