Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Малме арената во Шведска вечерва со првата полуфинална вечер започнува 58-то издание на изборот за „Песна на Евровизија“.
Во првата полуфинална вечер ќе се претстават избраниците на Австрија, Естонија, Словенија, Хрватска, Данска, Русија, Украина, Холандија, Црна Гора, Литванија, Белорусија, Молдавија, Ирска, Кипар, Белгија и Србија.Оваа година изборот за песна на Евровизија се одржува под слогатнот „Ние сме едно“ (We are the one).
Република Македонија во Малме ја претставуваат Есма и Влатко со песната „Пред да се раздени“, која ќе се пее на македонски јазик.
Есма и Лозано настапуваат во рамките на втората полуфинална вечер, вo четврток, на 16-ти мај