Првиот трејлер за The Hobbit-The Desolation Of Smaug
Првиот трејлер за вториот дел од трилогијата на Питер Џексон, The Hobbit сега наречен The Desolation Of The Smaug е објавен за фановите кои со нетрпение го очекуваат.

Во вториот дел, Билбо Багинс (Мартин Фримен), Гандалф (Ијан Мекелен) и џуџињата откако успешно избегаа од Мистичната планина и го земаа прстенот, сега треба да најдат начин како да го земат златото од страшниот змеј Смауг (Бенедикт Камбербач).
Покрај актерите од првиот дел, како новитети во второто продолжение се Еванџелин Лили, Лук Еванс и Стивен Фрај а ќе го видиме и повторното враќање на добропознатите актери, Енди Серкис, Кејт Бланшет, Илајџа Вуд, Кристофер Ли и Хуго Вивинг.
Филмот беше снимен целосно на локации низ Нов Зеланд и во филмските студија во оваа земја, а првиот дел The Unexpected Journey, оствари профит од над 1 милијарда долари, ширум светот.
Премиерата на The Hobbit-The Desolation Of Smaug се очекува на 13-ти декември, а ова е првиот трејлер.