×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пукa бракот на Марко Јариќ и Андриана Лима

    25.05.2012 13:12 | KumanovoNews

     Популарната светска двојка, кошаркарот Марко Јариќ и манекенката Адриана Лима која е бремена со нивното второ дете се разведуваат како што пренесуваат светските медиуми.

    Пукa бракот на Марко Јариќ и Андриана Лима

    Марко и Андриана до пред извесно време на своите профили на Твитер постираа заеднички фотографии, но во последно време веќе не го прават тоа.. Адриана во своите статуси не го споменува својот сопруг, а до неодамна Марко имал ироничен статус кој е поврзан со текст кој излезе на еден портал за хуманитарната работа на Лима:

    - Добра приказна, лошо реално шоу - напишал Марко на својот профил на  Твитер.

    Нивната последна заедничка фотографија била постирана на 1 март, а на Твитер ја закачил Марко. Познато е дека славниот кошаркар неколкупати сам ги посетил своите роднини во Србија, бидејќи неговата поубава половина имала обврска иако претходно најавувале дека ќе отпатуваат заедно. Неделникот „Скандал“ пренесува дека двојката ја продава вилата која ја купиле на почетокот на бракот во Лос Анџелес. Иако тврделе дека таа куќа никогаш нема да ја продадат бидејќи за неа ги поврзуваат убави спомени.

    Андриана со нејзината ќерка Валентина во моментот се во Јужна Америка, а нејзиниот сопруг поради обврски не е со нив. Манекенката која пред неколку месеци дознала дека е бремена, изјавила дека е пресреќна поради бременоста и дека со Јариќ сака да има уште две деца.