Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Силвестер Сталоне ги отвори своите планови за снимање на петти дел од серијалот за Џон Рамбо и пензионирање на ликот на виетнамскиот ветеран.
Во изминатве две години, Силвестер Сталоне постојано го менуваше својот став, еднаш велејќи дека е „99% сигурен“ дека „Рамбо 5“ нема да се случи, потоа изразувајќи желба за снимање на приквел на „Прва крв“ (First Blood), за минатата година да најави можно продолжение (со поднаслов „Последна одбрана“). Сега, тој вели дека „умира од желба“ да испродуцира уште еден дел од виетнамската сага.
Сталоне повторно проговори за „Рамбо 5“ (кој сѐ уште чека на зелено светло), опишувајќи ја ситуацијата на овој сѐ уште теоретски проект како „надоаѓачка вулканската ерупција. Магмата на ’Рамбо 5’ излегува на површината“.
На интервју за каналот MTV, тој изјавил:
Знам дека има уште една приказна да се разкаже. Тоа е моментот кога ја достигнувата кулуминациајта на животот. Кога можете да ја артикулирате, но и да делувате на вашата судбина. Рамбо станува свесен која е неговата цел. Таа не е да стане фармер, не е да биде неразбран. Таа е да согори во слава како вистински херој. Но дали тоа го прави само за себе, или бидејќи тоа е неговиот идентите?, вели тој.
Без разлика дали „Рамбо 5“ ќе се снима или не, обожавателите на Сталоне нема да останат без соодветна порција воени херојства од ветернот. Наскоро треба да се појави продолжението на „Платеници“, потоа „Куршум в глава“ (Bullet to the Head) и на крај „Гробница“ (The Tomb) каде игра заедно со Арнолд Шварценегер. Сепак, ако дојде до симање на „Рамбо 5“, се претпоставува дека дејствието ќе биде сместено во Мексико, каде Џон Рамбо ќе се бори против мексиканската нарко-мафија.