Мени

Распишан регионален конкурс за графичари

03.08.2015 11:51 | KumanovoNews

Високата школа за туризам во Белград, Здружението на ликовни уметници од Србија и авторката Наташа Бркиќ, распишаа конкурс за графичари, кој ќе трае до 13 ноември.

Распишан регионален конкурс за графичари

Можат да учествуваат уметници и студенти од Србија, Македонија, Словенија, Хрватска,  Црна Гора И БИХ. Темата е „Дестинација“, а делото мора да биде графика на хартија во формат Б1. По пошта треба да се испратат дела кои се направени во последните две години. Награди ќе има за најдобар графичар и најдобар студент графичар.

Заинтересираните повеќе инфромации можат да најдат на сајтот visokaturisticka.edu.rs.