Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Практиката за препишување на растенија наместо лекови, за лечење на депресија, вознемиреност и осаменост, почнува да се применува во Манчестер.
Идејата е пациентите да земаат билки, зеленчук или цвеќиња, дома да се грижат за нив, а потоа да ги вратат за да бидат засадени во заедничка градина. На овој начин, пациентите ќе имаат можност да се грижат за нешто, а потоа преку социјални активности и во допир со природата, која знаеме дека е најголемиот лек, да се приклучат кон "нешто заедничко".
За луѓето кои живеат во урбана средина, лекарите препорачуваат растенијата да ги одгледуваат во нивните домови, во мали саксии или пластични чаши.
„Да се грижиме за нешто е одлично, особено за оние кои немаат градина и не можат да имаат домашни миленици. Растенијата се причина да се вратат и да се вклучат во активностите во нашата градина, па така создаваат нови пријатели“, вели Августа Вард од болници во Манчестер.