Рецепт на денот: Пица со компири и домати
08.10.2019 20:12
| KumanovoNews
* СОСТОЈКИ (наменето за четири лица)

-4 поголеми варени компири;
- домати;
- сирење;
- босилек;
- оригано;
- маслинки;
- магданос;
- маслиново масло;
- сол;
- црн пипер.
* ПОДГОТОВКА
Откако ќе ги сварите компирите, излупете ги. Додека се' уште се топли и меки изгмечете ги со вилушка и зачинете ги со масло, сол, црн пипер и исечкан босилек. Распределете ја смесата во круг, во облик на пица, покријте ја со фолија и оставете ја да стои во ладнилник неколку часа. Пред да ја послужите, пицата од компири декорирајте ја со доматите, парчињата сирење, маслинки, босилек, магданос, оригано, а на крај полејте ја со масло.