Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Подготовка: 60 минути. Мирување: 30 минути. Печење: 45 минути.
* Состојки:
- 250 грама брашно;
- 5 лажици маслиново масло;
- 3 јајца;
- сол;
- 400 грама филети од риба;
- црн пипер;
- сок од лимон;
- 400 грами тиква;
- 2 пиперки;
- 200 грама спанаќ;
- 150 грама козјо сирење;
- 3 кришки препечен леб;
- 1 жолчка;
- 1 лажица сусам.
* Подготовка:
1. Замесете го тестото со брашното, јајцата, 3 лажици маслиново масло и 1 лажичка сол. Поклопете го тестото и оставете го да отстои.
2. Измијте ги филетите, исушете ги и исечкајте ги на ленти околу 2 цм. На филетите од риба ставете им од солта, црниот пипер и сокот од лимон и оставете ги да отстојат на ладно.
3. Тиквата измијте ја, отстранете ѝ ја кората и исечкајте ја на помали парчиња. Потоа, истото направете го со пиперката (но, отстранете ѝ ги семките) и заедно со тиквата и 2 лажици маслиново масло, издинстајте ги. Спанаќот, измијте го и исечкајте го и заедно со згмеченото сирење со помош на вилушка, ставете го во издинстаната смеса. На истата смеса, исто така, додадете и 2 јајца и препечен леб, кој претодно ќе го исечете на парчиња. Смесата посолете ја со сол и црн пипер.
4. Загрејте ја рерната на 180 степени. Размесете го тестото во форма на правоаголник, нанесете ја смесата врз тестото, а краевите оставете ги нефилувани. Врз смесата ставете ја рибата, а потоа завиткајте. Вака приготвената штрудла ставете ја во тава обложена со масна хартија, премачкајте ја со растворената жолчка и ставете и сусам.
Подготвената пита, печете ја 45 минути.