Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Индиската единица на автомобилската компанија Ford се извини на јавноста во земјата, откако завршија необјавените рекламни скици со сексуална тематика.
Авторот на скиците, за кои требало да се снимаат спотовите, е рекламната агенција WPP.
На една од нив е Берлускони кој се вози на предното седиште на автомобилот, а багажникот е преполн со заврзани три жени – Руби, поради која поранешниот италијански премиер е суден. Другите две се окружниот советник од Ломбардија Никол и свршеницата Франческа Паскале.
Рекламите се на Ford Figo, а кампањата има за цел да покаже колку многу работи може да собере во багажникот на автомобилот. Постојат уште две скици – со Парис Хилтон и Михаел Шумахер, кои се создадени врз основа на истата идеја.