×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ревија на модните трендови од минатиот век

    26.09.2015 11:37 | KumanovoNews

    Модната ревија „Современата мода инспирирана од модните трендови на 50, 60 и 70-те години на 20 век“ во организација на Кумановскиот музеј, синоќа се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„.

    Ревија на модните трендови од минатиот век

    Кумановци имаа несекојдневна можност да се потсетат на градската мода од трите децении од втората половина на минатиот век, и да ја видат современата колекција „Славна птица“ на дизајнерите Александар Рашковиќ и Филип Митевски, инспирирана од 50 и 60-те години на минатиот век.

    Авторот на проектот, Анита Ѓорѓиевска виш кустос, етнолог во кумановскиот музеј, изјави дека во во 50,60 и 70-те години модата се менувала согласно економските прилики во дадените децении.

    Успешно ја прикажавме модата и трендовите од 50,60 и 70-те години на 20 век, кои биле карактеристчни за градот Куманово. Публиката имаше можност да ги види модните стилови присутни во градот и за миг се вративме во едно подзаборавено време, но сепак останато во сеќавањата на градските семејства,- изјави Ѓорѓиевска.

     

    Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, а е продолжение на ревијата Од Ала Франга до современо време„.