Мени

Ријана и Шакира со заедничка песна

09.01.2014 08:12 | KumanovoNews

Двете најголеми музички ѕвезди на поп музиката Ријана и Шакира оваа година ќе издадат своја заедничка песна.

Ријана и Шакира со заедничка песна

Дуетот насловен како Can't Remember to Forget You ќе излезе во етерот на 13 јануари оваа година.

Веста за новата песна ја потврдија поп пејачките на својот профил на Твитер.

Песната ќе биде дел од новиот албум на Шакира по Sale el Sol од 2010 година.

Последниот албум на Ријана насловен како Unapologetic излезе на пазарот во 2012 година, а продуцентот DJ Mustard потврдува дека и таа во моментот подготвува нов албум кој треба наскоро да излезе.