Ријана затвори ресторан поради огромната нарачка
11.07.2012 08:18
| KumanovoNews
Поп ѕвездата Ријана неодамна го изненади персоналот на еден лондонски ресторан со својата поприлично голема нарачка, поради што залихите на ресторанот се испразнети, па преостанатиот дел од денот морал да биде затворен.

Престојувајќи во британската престолнина по повод фестивалот во Хајд парк, пејачката посакала со „кралска гозба“ да ги почести пријателите кои ја пратат на турнејата.
Според „Деили Меил“ пејачката од еден лондонски ресторан нарачала храна и пијалок во износ од 8.000 евра, додавајќи дека ресторанот ги испразнил сите залихи, па остатокот од денот морал да биде затворен.