Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Енрике Мартин Моралес, познат како Рики Мартин (42), се враќа на музичката сцена.
Пејачот кој во својата соло кариера има издадено девет студиски изданија, во изминатиот период беше ангажиран како тренер во австалиското издание на шоуто „The Voice“, а во април годинава за австралискиот пазар го издаде албумот „Greatest Hits: Souvenir Edition“, на кој се најдоа 18 хитови меѓу кои добро познатите „Maria“, „La Bomba“, „She Bangs“, „Livin’ La Vida Loca“ и други.
Последниот албум „Música + Alma + Sexo“ кој го издаде во 2011 година, дебитираше на првото место на Билбордовата листа за латино албуми, а сега конечно пристигна нов сингл, воедно најавувајќи го новото студиско издание на кое Мартин наскоро ќе започне со работа во Мајами. Пејачот продолжува со австралиската „инвазија“ со турнеја закажана за октомври, а новиот сингл насловен „Come With Me“