Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Администрацијата на Рио де Женерио се согласила целосно да го финансира новиот филм на Вуди Ален,оваа вест ја потврдил градоначалникот на градот,Едуардо Паес.
Навистина би сакал да дојде. Направив се, дури и разговарав и со неговата сестра и му испратив авионски билети преку неговиот сосед во Њујорк. Ќе направам се што е потребно тој да дојде, изјавил градоначалникот.
Воедно додал дека локалните писатели и актери ќе приговараат доколу тој навистина го финансира новиот филм на Ален, но оти тој е подготвен и на тоа.
„РиоФилм“ се обидува веќе со години да го привлече филмскиот гениј во овој дел од светот за да снима филм, но досега обидите беа неуспешни.