Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Патисон сè уште нема дадено изјава, но неговите акции зборуваат многу! Дваесет и шест годишниот актер си ги спакува куферите и замина од љубовното гнездо во Лос Анџелес, пренесува списанието „People“.
Извор за списанието потврди дека си заминал и ги прекинал сите контакти со Кристен.
Не сум сигурен дека некогаш ќе го пребродат ова-додава блискиот извор.
Не е јасно кога точно Роберт откри за аферата на Кристен. Бидејќи пред да излезат фотографиите парот бил забележан на17 јули како ужива во бакнежи и интимни моменти. И потоа на 22 јули на „Teen Choice Awards“ парот изгледаше пресреќно.
Меѓутоа, јасно е како ќе завршат нештата кога ќе се земе предвид изјавата која Патисон ја даде за „Vanity Fair“:
Има нешто што никогаш не го сфатив: А тоа е, зошто луѓето изневеруваат?, а потоа објасни дека го сфаќа импулсот, но не може да сфати како може да се одржуваат две врски паралелно.
Јас не сум таков тип. Ако одберам некого, тоа е зашто навистина го сакам. Кога сум во врска, јас сум 100% предаден-изјавил Патисон.