Мени

Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд

19.07.2012 08:34 | KumanovoNews

Ѕвездата на вампирската серија “Самрак”, Роберт Патинсон сонува, еден ден кога ќе биде повозрасен, да го игра Џејмс Бонд на филм.

Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд

Познатиот актер се изјаснил за британскиот таблоид “San” дека ни во секунда нема да се двоуми, ако за некои 20 години му ја понудат улогата на тајниот агент 007.

Да, би скокнал на приликата да го играм Џејмс Бонд, но дури за 20 години-изјавил 26 годишниот Патинсон кој смета дека би било смешно ако познатиот шпион се појави во ликот на млад актер.