×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Роберт Патинсон: Мислев дека е крај на светот

    14.08.2012 10:25 | KumanovoNews

    Роберт Патинсон за првпат јавно прозборе за тоа како се чувствувал кога дознал дека Кристин Стјуарт го изневерува, во емисијата Дејли шоу, а глумецот признал дека му изгледало како цел свет да се руши.

    Роберт Патинсон: Мислев дека е крај на светот

    Иако не сакал да навлегува во детали, Патинсон се согласил со водителот на емисијата Џон Стјуарт кој кажал дека има впечаток дека кога младите луѓе ќе излезат од некоја врска, имаат впечаток дека целиот свет им се руши.

    Најголемиот проблем во мојот живот е што сум циција па не сакав да најмам менаџер за односи со јавноста, но мислам дека е крајно време тоа да го направам- се нашалил Патинсон на своја сметка, алудирајќи на тоа дека сите големи ѕвезди своите приватни проблеми ги решаваат преку соопштенија за медиумите.

    Иако се очекуваше Патинсон да открие повеќе детали околу раскинувањето, глумецот се потрудил разговорот главно да се одвива шеговито и разговорот да го сврти кон промоцијата на филмот „Космополис“, чија премиера се одржа синоќа во Њујорк.