×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Роберт Патисон ќе и прости на Кристен Стјуарт

    29.08.2012 07:48 | KumanovoNews

    Љубовта меѓу двојката Кристен Стјуарт и Роберт Патисон, се уште, не е завршена.

    Роберт Патисон ќе и прости на Кристен Стјуарт

    Пред неколку недели, Кристен јавно го изневери дечкото со британскиот режисер Руперт Сандерс, но набрзо се покаја и сфати дека Роберт е нејзината љубов.

    Двете филмски ѕвезди по повеќечасовен телефонски разговор се договориле за состанок. Се чини, дека Роб ќе мине преку се и ќе и прости на Кристен за скандалот и јавното понижување.

    Според наодите на нејзин близок пријател, Роб ја сака Кристен и е подготвен да разговара „очи во очи“ со неа за се што се случи.

    Го преколнувала да се најдат. Очигледно успеала да допре до него затоа што се согласил да излезе со неа. Рече дека на неа и е потешко затоа што не само што пати, туку и дека е изложена на критики, додека тој ги доби сите симпатии-рече пријателот на Роберт за Лук магазинот.

    Двојката телефонски разговарала четири часа, а Кристен го молела да и се врати.

    На почетокот бил бесен, но кога видел дека целиот свет и се лути, се сожалил-рече пријателот на Роб.

    Доколку се смират, Кристен ќе мора да се привикне на неговите пријатели. Поточно, ќе мора да го минува времето со него на паузите меѓу сетовите во текот на снимањето филмови и ќе живее почесто во неговиот роден град Лондон.

    Точниот датум на состанокот се уште не е познат, но Роб изјави дека не сака тоа да биде на било кое јавно место.