Роби Вилијамс ќе стане татко
03.07.2012 07:37
| KumanovoNews
Пејачот Роби Вилијамс ги разочарал организаторите на Олимписките игри, објавувајќи дека нема да настапи на церемонијата за затворањето во Лондон, затоа што тогаш неговата соруга Аида Филд треба да се породи со нивното прво дете.

Организаторите изјавиле дека го разбираат Роби и тоа дека семејството го става на прво место, но дека сепак требало порано да го најави истото.
Планирано било пејачот да настапи сам, но и со својот поранешен бенд Тејк Дет.
Инаку Роби неодамна на својата официјална страна објави фотографии од својата бремена сопруга.