Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад во Куманово, во четврток и петок (5 и 6 септември), ќе се одржи традиционалната музичка манифестација „Рома-труба фест“.
На 14. дувачки средби ќе настапат 13 трубачки оркестри, а ѕвезди на фестивалот ќе бидат оркестар на Џамбо Агушев и „Љубојна“ која ќе ја отпее ромска химна „Џелем, Џелем“.
„Оваа година фестивалот ќе се одржи две вечери. Ќе имаме гости од 5 држави, Франција, Кипар, Белгија, Србија и Бугарија, како и домаќините од Македонија. Очекувам дека годинава ќе имаме поголема масовност бидејќи имаме исклучително квалитени гости и оркестри, и граѓаните ќе бидат многу задоволни од програмата“, - изјави Самет Салиевски, уметнички директор на фестивалот.
Првата вечер ќе настапат оркестрите на Уска Кан Кантуров од Берово, Кеми Асанов од Струмица, Ферус Мустафов од Скопје, оркестар Сандански од Бугарија, Бојан Ристиќ од Србија, и оркестрите од Франција и Кипар, а специјален гостин е Роберт Ферчо и Бед Бојс.
Втората вечер ќе ја отвори оркестарот на Џамбо Агушев, потоа следуваат Рос бенд Алимов, Среќко Ибраимовиќ, Синиша Станковиќ, млади Браќа Кадриеви од Белгија, како и оркестрите од Франција и Кипар, и специјалната гостинка „Љубојна“.
И оваа година фестивалот ќе биде од ревијален карактер.
„Рома труба фест“ ја организира Ансамблот на народни ромски песни и игри „Рушит Шакир“ од Куманово, ќе се одржи на Градскиот плоштад со почеток во 20.30 часот.
Манифестацијата се одржува под покровителство на Општина Куманово и Министерството за култура.