Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хрватската поп-пејачка Јелена Розга ќе пее на Градскиот плоштад во Куманово по повод Денот на ослободување на градот - 11 Ноември.
Концертот ќе се одржи во недела на 10 Ноември со почеток во 21 часот.
Оваа година изборот падна на Елена Розга затоа што е популарна, има хитови и знае да пее, а потоа е и многу атрактивна што значи дека ќе привлече повеќе публика. Традиционално за денот на градот секогаш гостувале големи музички имиња и ѕвезди од македонската и бившите ју-простори кои се прифатливи за публиката од сите генерации. - изјави Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура во Општина Куманово.
Концертот ќе трае два часа, по што ќе следува спектакуларен огномет.Предходница на Розга ќе биде настапот на неколку локални музичари. Розга ќе пристигне во Куманово во сабота навечер и ќе биде гостинка на градот во недела.
Таа пеше пред кумановци и пред 5 години , но тогаш заедно со нејзините хрватски колеги Петар Грашо и Борис Новковиќ. Концетот го организира локалната самоуправа Куманово и ќе чини околу 10 иљади евра.