×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Руски активисти ја тужат Мадона

    21.08.2012 07:10 | KumanovoNews

    Руски активисти ја тужат поп пејачката Мадона, барајќи 10,5 милиони долари отшета заради тоа што таа на својот последен концерт одржан во Санкт Петербург ги промовирала правата на хомосексуалците.

    Руски активисти ја тужат Мадона

    Мадона за време на концертот одржан на 9-ти август, повика на љубов и разбирање кон хомосексуалната заедница. Заради овој потег на пејачката, многу политичари се заканија дека ќе поднесат тужба за нелегална пропаганда.

    Тужбата против Мадона ја поднесле девет лица, а во неа е наведено дека пејачката го прекршила законот кој бил донесен во февруари, според кој противзаконски е да се промовира хомосексуалноста на малолетници. Според нив, во публиката биле присутни и 12 годишни деца.

    Иста таква тужба ќе биде поднесена и против организаторот на концертот.