Мени

Шакира ќе го затвори Светското првенство

02.07.2014 14:39 | KumanovoNews

Позната пејачка од Колумбија, Шакира по трет пат ќе го затвори Светското првенство кое овој пат се одржува во Рио де Женеиро.

Шакира ќе го затвори Светското првенство

Според колумбискиот магазин El Espectador Шакира добила покана да ја испее песната La La La (Brazil 2014) и да го прогласи мундијалот за затворен.

Исто така на 14 јуни Шакира го вееше знамето за почеток на Светското првенство и предизвика тренд повикувајќи ги своите фанови да се фотографираат со знамето.