×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сандра Булок ќе биде лидер на слатките Миниони

    12.02.2013 10:21 | KumanovoNews

    Иако веќе еднаш претходно го има позајмено гласот во анимираниот филм The Prince Of Egypt, веќе е потврдено дека оскаровката Сандра Булок ќе биде дел од уште еден анимиран филм.

    Сандра Булок ќе биде лидер на слатките Миниони

    Deadline пренесува дека Булок ќе ја толкува улогата на главниот негативец во Minions, спин-оф на успешниот анимиран филм Despicable Me, во кој главни ликови на приказната ќе се малите, жолти миниони, кои се воедно и најслатките ликови од првиот дел.

    Во Minions, Булок ја има улогата на Скарлет Оверкил, злобната жена која е изберена од страна на минионите да биде нивен лидер. Ова е ќе биде всушност приквел на Despicable Me и дејството ќе се одвива во 60-тите, со интересна приказна во која се раскажува дека минионите постојат уште од почетокот на човештвото и биле слуги на најпознатите негативци низ историјата. Во потрага по нов господар, ја сретнуваат госпоѓица Оверкил, која иако се облекува како Одри Хепберн, сака да стане првата жена супер-негативец која ќе владее со светот.

    Minions ќе ги нападне кината на 19-ти декември, следната година, додека продолжението на Despicable Me ќе се појави во кино салите на 3-ти јули, оваа година.