×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се избираат дваесетте најдобри македонски евергрини

    19.09.2012 10:51 | KumanovoNews

     Уште две недели трае гласањето за избор на најдобрите дваесет евергрини во последниве половина век.

    Се избираат дваесетте најдобри македонски евергрини

    Изборот на песните се одвива преку гласање со смс-пораки од сите национални оператори на бројот 141 772.

    Се гласа на веб-страницата www.evergreen.mk, каде што е направен избор од 100 македонски песни кои може да бидат потенцијален евергрин хит. Изборот на евергрините започна со медиумите кои соработуваат со организаторот на манифестацијата и чии новинари, од 124 предложени композиции од уметничкиот директор на изборот Драган Б. Костиќ, избраа сто песни. Од 31 август до 28 септември годинава се гласа по принципот на негативна селекција. Секоај недела отпаѓаат по 20 композиции. Избраните евергрини ќе бидат изведени на 26 октомври 2012 година во Универзална сала.

    Манифестацијата ја организира продукцијата „Грин интертеинмент“ и ПР-агенцијата „Чаптер 4“.