Се мажи ќерката на Мик Џегер
30.06.2012 11:16
| KumanovoNews
Џејд Џегер, ќерката на Мик Џегер овој викенд се мажи за Адриан Филари.

Џејд која има 40 години се занимава со дизајн и изработка на накит, а нејзиниот свршеник е популарен ди џеј.
свадбата ќе се одржи во Велика Британија на исто место каде што се венчаа Кејт Мос и Џејми Хинс. Џејд на свадбата ќе има две деверуши, своите ќерки од претходната врска, Асиси и Амбу.
Освен што ќерката ќе ја испрати до олтар, Мик Џегер ќе ја отпее песната за првиот танц на младенците.
Споре пишувањата на британскиот The Sun, тоа ќе биде хитот You Can't Always Get What You Want.