Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фејсбук губи милиони корисници секој месец и тоа на најголемите пазари, покажуваат независни истражувања.
Фејсбук забрзано се подготвува на инвеститорите да им ги покаже своите резултати од работењето во првото тромесечје од годинва, а аналитичарите проценуваат дека дошло до зголемување од 36 отсто во однос на претходната година.
Меѓутоа, минатиот месец, најголемата друштвена мрежа изгуби дури шест милиони корисници во Америка, што претставува пад од 4 отсто, според анализите на фирмата SocialBaers.
Во Велика Британија намалувањето изнесувало 1,4 милиони, или пад од 4,5 отсто. Корисниците, исто така, наоѓаат алтернативи во социјалните мрежи во Канада, Шпанија, Франција, Германија и Јапонија.
Од Фејсбук никој не сакаал да ја коментира информацијата, пишува Guardian.„Проблемот е во тоа што во САД и Велика Британија многумина што сакаат да имаат профил на Фејсбук веќе го имаат. Меѓутоа, факторот на досада го прави својата а и желбата да се проба нешто друго.
Ризикот е релативно мал, но не може да се каже дека не постои”, вели специјалистот за нови медиуму Јан Мод од Enders Analysis.
Алтернативните друштвени мрежи како Instagram, страна за делење фотографии која освои 30 милиони корисници за 18 месеци пред Facebook да ја преземе, е се попопуларна кај младите. Path, социјалната мрежа за корисници на смартфони, која ја основа поранешен вработен во Фејсбук Дејв Морин, добива дури милион корисници неделноБројот на корисници на Фејсбук се уште забрзано расте во Индија и во Јужна Америка.Меѓутоа, на развиените пазари, се помалку има профили на оваа друштвена мрежа.Се намалува и бројот на минути кој Американците ги поминуваат на Фејсбук. Просекот во декември 2012 година беше 121 минута, но се намали на 115 минути во февруари