Мени

Се ожени Боби Браун, поранешниот сопруг на Витни Хјустон

21.06.2012 12:41 | KumanovoNews

Четери месеци по смртта на неговата поранешна сопруга, Боби и Етериџ се венчале на Хаваите.

Се ожени Боби Браун, поранешниот сопруг на Витни Хјустон

Американскиот пејач Боби Браун се ванчал на Хаваите, четири месеци по смртта на неговата поранешна сопруга, пејачката Витни Хјустон, пренесуваат американските медиуми.

Фотографиите од Браун и неговата нова сопруга и менаџерка Алиша Етериџ на интернет ги објавил неговиот син Боби џуниор.

Браун и Етериџ имаат син и верени се од 2010 година, три години откако Браун се развел од Витни Хјустон.

Витни Хјустон и Боби Браун биле во брак 15 години во текот на кои пејачката стана зависник од кокаин, марихуана и крек. Во интервјуто за една тв станица во април, Браун демантирал дека тој е виновен за зависноста на Витни Хјустон.

Витни Хјустон почина во хотелската соба во февруари. Причина за смртта е случајно давење, а во собата во која била пронајдена имало бел прав и лекови на рецепт.

Барун има пет деца, едно со Хјустон, три од претходните врски и едно со новата сопруга.