Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Холивудскиот пар Сузан Сарандон и Тим Робинс објавија дека не се повеќе заедно. Според Дејли Мејл по повеќе од две децении поминати заедно тие ставија крај на својот заеднички живот.
Сарандон (63) и Робинс (51) се запознале во 1988 за време на снимањето на филмот „Бил Дурхам“ и имаат два сина, Џек (20) и Мајлс (17).
И покрај големата разлика во годините тие секогаш успевале да ги надминат сите проблеми. На Сузан Сарандон ова и е втор брак, а од првиот ја има ќерката Ева (24).