Се снима документарец за Џим Морисон
22.03.2013 09:50
| KumanovoNews
Наскоро започнува снимање за фронтменот на групата Doors, Џим Морисон. Документарецот ќе биде насловен “Before The End: Jim Morisson Comes of Age”, a ќе биде во продукција на независната проукциска компанија Z-Machine, пишува порталот Music news.

Поголемиот дел од окументарецот ќе го обработува животот на Џим Морисон до стекнувањето на статус на рок ѕвезда, отколку деновите на слава, а најавени се интервјуа со членовите на семејството и пријателите кои до сега не говореле пред камера за покојната рок икона.
Најавени се и досега неприкажани домашни снимки и фотографии.