Се снима документарец за Ејми Вајнхаус
26.04.2013 09:06
| KumanovoNews
Документарниот филм за починатата британска соул пејачка Ејми Вајнхаус е во фаза на изработка, а ќе содржи материјал кој јавноста до сега не го видел.

Филмот, кој ќе содржи архивски снимки кои не биле прикажани во јавноста, ќе биде во режија на Британецот Асиф Кападиа, кој во 2010 година за филмот “Сена” за бразилскиот возач на тркачки автомобили Ајртон Сена, ја освои наградата Бафта за најдобар документарец.
Филмот, кој се уште нема име, ќе биде понуден на странски купувачи на Меѓународниот филмски фестивал во Кан кој ќе се одржи в мај- соопшти дистрибутерската куќа “Фокус Фетурес Интернационал”.