Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новата евровизиска песна во изведба на Есма и Лозано ќе биде готова денес. Се работи во студиото на Дарко Димитров, кој е автор заедно со Лазар Цветковски
Песната, музиката е таа што не сплотува сите - е генерално пораката на новата евровизиска песна, која ќе ја претставува Македонија на 58. издание на изборот за песна на „Евровизија“ во мај во Малме, Шведска.
Во овој момент е готов делот на Есма, која овојпат ќе пее на ромски јазик, а кој го направи нејзиниот син и коавтор на “Империја“, Симеон Атанасов (музика и текст). Вокалот на Есма е снимен, останува да се доработи песната и делот на Влатко Лозаноски-Лозано и најдоцна до вечерва да биде комплетно завршена и спремна за Малме, каде што на 18 март ќе се одржи состанок на шефовите на делегациите и ќе се однесе конечната верзија на нашата евровизиска песна.
Делот на Есма е комплетно изменет, нов, повторно е мој и музика и текст, а аранжмански ќе го склопи Дарко Димитров. Оваа песна нема никаква врска со претходната. Комплетно е нова. Сега одиме повеќе на џипси-стил, нема толку етно- мотиви како што имаше во ’Империја’“, вели Атанасов.
Новата евровизиска песна во моментов е во фаза на финиш, а се брза и за да се испочитуваат роковите од ЕБУ, според кои Македонија треба да ја достави финалната верзија до 18 март.
Песната ќе биде готова до среда, кога најверојатно ќе може да ја слушне и јавноста, а ќе се разреши и дилемата дали текстот ќе го пишува Магдалена Цветковска-Ена, Елена Ристеска или некој друг текстописец.
Не е исклучена и заедничка соработка, со исклучок на делот за Есма, кој веќе го напиша Симеон Атанасов.