×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сеедно е дали некој ме сака или не

    09.03.2020 13:31 | KumanovoNews

    Во последно време се` помалку ме допира она што другите ќе го кажат за мене.

    Сеедно е дали некој ме сака или не

    Тоа се нивни зборови, нивни мислења и нивна перцепција на светот и на мене како дел од тој свет. На крајот на краиштата, па зарем луѓето не го гледаат во нас тоа што тие го поседуваат? Барем, така вели психологијата: човекот не може да види нешто коешто тој не е!

    Па тогаш, зошто постојано си ја трошиме нашата енргија за нешто коешто ние не сме?

    Колку повеќе се оддалечуваме од работите, толку повеќе ги гледаме какви се навистина во својата суштина. Не попусто се рекло, оддалечи се од сликата за да ја видиш целината, а не само дел од неа.

    Она што го препорачуваат психолозите е најпрво прифаќањето дека ние не сме нечија перцепција, туку своја креација и дека доколку сакаме да направиме промена, тогаш треба промената да започне со нас.

    Погледнете се во „огледалото“ и за почеток сменете го она што вам ви пречи, а не на некој друг.